11/10/2024
Дебрца

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ Дебрца: Училишниот двор во Лешани е претворен во змијарник

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Ние како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ Дебрца ги пренесуваме реакциите на жителите од нашата општина за владеењето на Градоначалникот Зоран Ногачески, а во конкретниов случај и за директорката на ОУ Дебрца. Очигледно дека како и на целата територија на општината владее хаос од вегетацијата која не е искосена за што изминативе години најголем критичар беше сегашниов градоначалник. Во конкретниов случај реакцијата е од родителите во училиштето во с.Лешани кои реагираат на тоа што училишниот двор претворен е во змијарник од нараснатата трева па затоа Ве запрашуваме градоначалниче дали ваков Живот им ветувавте на жителите од Дебрца и очигледно не сте способни да го одржувате она што веќе е направено од претходната локална власт, а за други проекти да не зборуваме освен што се возите со службениот џип и вон работно време друго ништо не знаете да правите.

Жителите на Дебрца го чекаат животот кои им го ветивте дали лично или опшествено затоа фатете се за работа доста се шетате.“ – стои во соопштението од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Дебрца.