29/03/2024
Македонија

„Шпанија во срцето“ со Димчевски, утревечер во Филхармонија

Долго најавуваниот егзотичен концерт насловен “Шапнија во срцето”, Македонската филхармонија  ќе го одржи утревечер со почеток во 20.00 часот. На програмата се атрактивните дела: Симфониска рапсодија „Шпанија“ од Е. Шабрие, Интродукција и рондо капричиозо од К. Сен-Санс, Цигански напеви оп. 20 од П. Сарасате и грандиозната Симфонија бр. 1 во D-dur („Титан“) од Г. Малер …
 
Како солист на подиумот  ќе застане нашиот и светски познат виртуоз на виолината – Ѓорѓи Димчевски концерт-мајсторот на Националниот оркестар на Шпанија, а од 2007 година, концерт-мајстор на Оркестарот во Валенсија, кој концертира во Палатата на уметностите на кралицата Софија предводен од славниот Лорин Мазел. Како диригент ќе се претстави врвниот маестро Рикардо Касеро од Шпанија.