23/04/2024
Македонија

Спасени двајца француски државјани на Попова Шапка

Од РЦУК – Тетово, известуваат дека во текот на вчерашниот ден во попладневните часови (15:20 часот) добиле информација дека на Попова Шапка се изгубиле двајца француски државјани.

Од нивна страна стапено е во контакт со Полициска станица Попова Шапка кои веднаш почнале потрага по изгубените лица.

Полициските службеници заедно со планинарското друштво по час и половина ги лоцирале, а за кратко време и ги пронашле.

Околу 18 часот, со ратрак ги пренеле изгубените лица во полициската станица. Истите биле живи и здрави, но премрзнати.