19/04/2024
Македонија

Спасовски: Ги отворивме вратите на МВР за квалификуваниот кадар од областа на безбедноста

Во Министерството за внатрешни работи, согласно нашите приоритети за кадровско, но и адекватно стручно екипирања на институцијата, после подолг период годинава се вработуваат триесетина ваши колеги, образувани и во вашата институција, убедени дека нивната стручна и образовна подготвеност ќе бидат важен инпут во севкупното поквалитетно работење на МВР, рече министерот Оливер Спасовски во своето обраќање на првиот академски час на Факултетот за безбедност.

-Со таквата политика во делот на кадровско и стручно надградување на министерството за внатрешни работи ние нема да запреме туку напротив ќе продолжиме и во наредниот период- потенцира Спасовски.

Министерот Спасовски потенцирам дека денешниот ден колку што е важен за новата генерација студенти на овој факултет, која што практично сега веќе влегува во акдемските води, во иста мера е значаен како потврда на континуираниот образовно-воспитен процес, веќе етаблиран благодарение на докажаните стручните и научни капацитети на институцијата.

-Од аспект на овие млади луѓе овде кои што средношколските клупи денес ги заменуваат со академските амфитеатри, ова е почеток на нова, да се изразам послободно – образовна авантура, во која што се нуди еден уште повисок степен на лична наобразба, култура и воспитание, што пак во подоцнежниот нивен живот ќе го претставува оној фундамент суштински во развојот на професионалниот живот и кариера. На крајот сакам да го истакнам уверувањето дека многумина од вас ќе го најдат своето место во општеството, притоа давајќи го својот максимум како во име на сопствените амбиции и надежи, така и во име на потребата за брз и динамичен развој на нашата држава. Уште еднаш, дозволете ми, драги студенти и почитувани професори, да ви го честитам почетокот на студиите посакувајќи ви на сите вам успех и на личен и на професионален план- рече Спасовски.