25/04/2024
Македонија

Спасовски: Нема место за поделби по основа на сексуална ориентација, раса или вера

Полицијата има јасно дефинирани надлежности и обврски и во нејзиното функционирање нема ниту ќе има место за поделби по основа на сексуална ориентација, раса или вера, рече министерот Оливер Спасовски во обраќањето на меѓународната конференција „Пристап до правда за ЛГБТ заедницата“ што се одржува во Скопје.

„Годинава не се евидентирани случаи на кривични дела мотивирани од дискриминација по оваа основа, но тоа не беше случај во блиското минато“, рече министерот Спасовски.

Министерот Спасовски потенцира дека во МВР се спроведуваат континуирани обука на професионалци кои се во контакт со жртвите, а на високо ниво е и соработката со невладините организации.

„Заедно со државата, исто така е важно секој поединец да ги преиспита стереотипите и дискриминацијата по било која основа, вклучително и сексуалната ориентација на жртвите“, рече министерот Спасовски.

https://www.youtube.com/watch?v=ugW2ZAbsmmE