28/03/2024
Македонија

Спасовски: Стремежот кон нови стандарди е гаранција за напредок

“Етаблирањето на новите, современи стандарди во функционирањето и менаџирањето на институциите, дури и независно на нивниот правен субјективитет, денес е повеќе од императив, без кој што не може да се претендира кон натамошен динамичен развој и институционално, техничко, кадровско или кое и да е друго усовршување. Сите ние мораме да се стремиме кон имплементирање на стандардите во секојдневното работење како своевиден гарант за успешност“.

Ова, меѓу другото, го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во своето денешно поздравно обраќање по повод промоцијата на  ИСО 17025 стандардот со кој што се стекна Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, а што се одржа во просториите на Медицинскиот факултет во Скопје.

Министерот Спасовски посочи дека овој настан, односно чин, сам по себе говори не само за решителноста и волноста на вработените во оваа институција да продолжат со натамошен развој и унапредување на сите аспекти од работењето на Институтот, туку и за континуираната стручна и професионална надградба инаку својствена за оваа наша реномирана институција во сите изминати години од нејзиното постоење.

Притоа, Сапсовски ја потенцираше досегашната извонредна соработка меѓу Министерството за внатрешни работи, односно соодветните организациони единици на полицијата со Институтот за судска медицина, соработка на која сме двете институции се и законски упатени една кон друга, а во рамки на нормативниот сегмент кој што ја регулира кривично-правната проблематика.

“Убеден сум дека таа соработка, која што според сите параметри можеме да ја оцениме како извонредна, дополнително со овие нови дострели на Институтот  ќе добие на нов квалитет и ефикасност“, порача, меѓу другото, министерот Спасовски.  

https://www.youtube.com/watch?v=ALgdgmG1qhY