28/03/2024
Охрид

Спектакуларна изведба на комедијата „Радован Трети“ на Вдиши Театар

Безвременската урнебесна комедија „Радован Трети“ од Душан Ковачевиќ во спектакуларна изведба на театарската група од Црвен крст Суботица на третиот ден од Меѓународниот аматерски фестивал Вдиши Театар. Тие на сцената во предворјето на Св. Софија на оригинален и комичен начин го прикажаа случките на човекот кој не може да се снајде во голем град и постојано жали за родниот крај од каде дошол.

На четвртиот и последен ден од овогодинешниот театарски фестивал „Вдиши театар“ ќе настапат театарските групи на Црвен крст Ужице во 18:30 во Центарот за култура „Григор Прличев“ со претставата „БРЕ ШОУ“ и Црвен крст Крагуевац 21 ч. во предворјето на Св.Софија со претставата „100 ЗА ЕДЕН“.