19/04/2024
Дебрца

Спомен чешмата во Сливовски Анови ќе се санира

Спомен чешмата во Сливовски Анови ќе се санира, а просторот околу неа хортикултурно ќе биде уреден, напиша на својот ФБ профил, градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.

„Рековме, Спомен чешмата во слободарските Сливовски Анови ќе ја санираме, а просторот околу неа хортикултурно уредиме.

Оти се заветивме, дека ќе го оживееме и негуваме славното сведоштво од минатото за иднината.

И затоа, на увид пред граѓаните го ставаме идејното решение за уредување на Спомен чешмата.

Ве охрабрувам, со Ваши предлози и сугестии истото да го подобриме и потоа имплементираме.“– напиша градоначалникот Ногачески.