Спортски ден во ООУ „Живко Чинго“ по повод 145 години од раѓањето на Тодор Александров
По повод 145 години од раѓањето на македонскиот револуционер и великан Тодор Александров, ООУ „Живко Чинго“ во соработка со Сојузот за училишен спорт – Охрид организира Спортски ден – исполнет со спортски дух, фер-плеј и заедништво, а организаторите упатуваат покана до сите љубители на спортот да бидат дел од оваа свечена активност.
Настанот ќе се одржи на 4 март 2026 година, со почеток во 08:30 часот, во спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти.
