25/04/2024
Струга

Спортскиот камп 2022 во организација на Агенцијата за иселеништво ќе се одржи во Струга

Агенцијата за иселеништво по две години пауза заради пандемијата, повторно ќе го организира Спортскиот камп 2022.

Спортскиот камп ќе се одржи од 03 – 08 јули 2022 година во Струга. Сместувањето ќе биде на товар на Агенцијата, а точната локација ќе биде дополнително соопштена.

Годинава се покануваат 30 деца на возраст од 12 до 16 години да бидат учесници на Кампот и да се дружат покрај преубавото Охридско езеро.

Ќе се прифатат првите 30 деца кои ќе се пријават, затоа побрзајте со пријавувањето што ќе трае до 25 март 2022 година.

Пријавите праќајте ги на iskra@minisel.gov.mk кај Искра Тројачанец Најденовска.


WebOhrid / 17.03.2022 / Агенција за иселеништво