23/04/2024
Охрид

Спроведен експертски мониторинг на зимската обука за интернационални водичи во планина

Во периодот од 15 – 18.02.2018 година, на Попова Шапка беше спроведен експертски мониторинг на зимската обука која ја спроведува Македонската Асоцијација на Интернационални Водичи во Планина – МАИВП, од страна на техничката комисија за контола на работењето и спроведувањето на стандардот IML (International Mountain Leader).

Мониторингот го спроведе тричлена експертска група од Меѓународната Унија за Водичи во Планина – UIMLA (Union of International Mountain Leader Associations) во состав: Bill Beiley – претседател на техничката комисија при УИМЛА, Francois Burthey и Caroline Hale.

Денес во Охрид се одржа прес-конференцијата на тема: Професијата водич во планина според меѓународниот стандард IML (Inernational Mountain Leader) и значењето на истиот за безбедноста и квалитетот на туристичкиот производ. На конференцијата активно учество имаа Bill Beiley и Francois Burthey.