29/03/2024
Македонија

Спроведени акциски контроли на подрачјето на Тетово

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово во содејство со припадници на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, вчера (29.12.) спроведоа акциска контрола во угостителски објекти во Жеровјане и Боговиње, тетовско. Притоа, во рамки на контролата во угостителските објекти “Ориентал Ас“ (Жеровјане) и во “Баци“ (Боговиње), сопственост на А.А. (27) и Б.Ш. (56) двајцата од Боговиње, биле затекнати вкупно 20 лица, од кои седум странски државјанки (три од Србија и по две од соседно Косово и Албанија), како и 13 македонски државјанки коишто во објектите биле ангажирани како танчерки. По приведувањето на лицата, а поради злоупотреба на туристичкиот престој, странските државјанки се задржани во Полициската станица Тетово а потоа се предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.

Исто така, СВР Тетово спроведе и акциска контрола по однос на постоењето на нелегални обложувалници, при што вчера во село Врапчиште, тетовско, беше детектиран уште една “дива обложувалница“. Имено во објект без фирма биле затекнати три лица во својство на вработени и од објектот каде што нелегално се приредувале игри на среќа одземени се пет телевизори, четири компјутери, четири монитори, два печатачи, еден читач, билтени тикети и одредена сума пари. По расчистување на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.