29/03/2024
Спорт

Сребрен медал за Дејан Георгиевски на ОИ Токио 2020

Дејан Георгиевски, новиот македонски херој е освојувач на сребрен Олимписки медал од Олимписките игри Токио 2020, најголемиот Олимписки и спортски успех во македонската спортска историја, од независноста на нашата држава.

Честитки и за тренерот на Дејан, Борче Костовски кој извонредно ја постави тактиката на Дејан за да стигне до финалето на Олимписките игри.