20/04/2024
Македонија

Средба на Адеми со липковскиот градоначалник Арифи

Министерот за образование и наука Арбер Адеми денеска оствари средба со градоначалникот на општина Липково, Еркан Арифи на која се разговараше за генералните владини политики за унапредување на квалитетот на националниот образовен систем и очекувањата за придонес од локалните самоуправи, вклучувајќи ја и општина Липково кон реализација на планираните реформи.

За време на средбата, министерот Адеми информираше за активностите кои Министерството за образование и наука ќе ги спроведе за време на летниот период, односно пред почетокот на новата учебна година, а со кои, како што потенцираше ќе се унапреди воспитно – образовниот процес во основните и средните училишта.

Градоначалникот Арифи се осврна на приоритетните инвестиции кои се неопходни и се планираат во училиштата, со цел подобрување на условите за настава, а воедно информираше и за интересот на полуматурантите од општината за упис во средното општинско училиште во првото пријавување од јунскиот уписен рок, кое започна денес.