29/03/2024
Македонија

Средба на директорот на Царинската Управа со амбасадорот на Јапонија во РМ

Денес беше остварена средба меѓу директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски и Амбасадорката на Јапонија Кеико Ханеда.

На средбата Ханеда беше запозната со претстојните приоритетни и стратешки активности што ги презема Царинската управа во насока за понатамошно осовременување на царинското работење и забрзувањето на меѓународната трговија. На средбата е истакната заинтересираноста за продлабочување на билатералната соработка помеѓу царинските служби на Јапонија и Република Македонија, на полето на примена на искуства и добри практики за поголема ефикасност и примена на современи методи во работењето.