25/04/2024
Охрид

Средба на градоначалникот Георгиески со градоначалникот на Модра од Република Чешка

Градоначалникот Константин Георгиески денеска имаше средба со градоначалникот на Модра од Република Чешка Мирослав Коварик. На средбата се разговараше за воспоставување на поблиска соработка меѓу двата града, особено во областа на културата и туризмот.

Гостинот го информира градоначалникот Георгиески за реализацијата на проектот за откривање и популаризација на патот на Св. Кирил и Методиј во Моравската мисија и негова валоризација како културно- туристичко подрачје.

Беше најавено дека на градоначалникот Георгиевски, како прв човек на Охрид, градот на Св. Климент и Наум, првите и највредни продолжувачи на делото на Св. Кирил и Методиј, ќе му пратат официјална покана за посета на градот Модра, при што подетално ќе биде запознат со проектот кој е сертифициран од Советот на Европа.