Средба на градоначалникот Стојаноски со делегација на Далиан

Градоначалникот Јован Стојаноски, денес, оствари средба со шестчлената делегација на кинескиот град Далиан предводена од заменик – градоначалничката Вен Зукионг. Во делегацијата се директорот на културното биро во Далиан, директорот на образовното биро и претседателот на стручно – техничкиот колеџ, заменик директорот а канцеларијата за надворешни работи.

На средбата се разговараше за интензивирање на соработката со кинеската општина. За почеток е предвидено да се оствари соработка во областа на културата, преку размена на  музички ансамбли кои би учествувале на културните настани во двете држави. Понатака, се разгледуваше можноста за отворање на кинески културен центар и фондација, кој што ќе ја промовира кинеската култура во Македонија.

Исто така,  се разговараше и за соработка во образованието преку размена на ученици и професори. Во наредниот период гостите од Далиан ќе ги посетат културно – историските знаменитости на градот, како и одредени институции со кои е предвидено остварување на соработка во иднина.