16/04/2024
Охрид

Средба на градоначалникот Георгиески со градоначалнкот на Ескишехир од Турција

Градоначалникот Константин Георгиески, денеска имаше протоколарна средба со Казим Курт, градоначалник на Ескишехир од Турција. На средбата се разговараше за воспоставување поблиски пријателски односи меѓу двата града, која би почнала со потпишување на протокол за соработка.

Општина Охрид е збратимена со  Јалова и Сафранболу, а протокол за соработка има потпишано со општината Газиосманпаша од Турција.