28/03/2024
Македонија

Средба на министерот Спасовски со претседателот на Сојузот на спортови на Скопје

Министерот Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со Ѓорги Кузмановски, претседател на Сојузот на спортови на Скопје, Кире Синадиновски, спортски директор на скопскиот маратон и Гордана Николовска, секретар на скопскиот маратон.

Претставниците на Сојузот на спортови на Скопје изразија благодарност за успешната соработка и поддршка од страна на Министерството за внатрешни работи во организацијата на спортските настани. Претседателот на Сојузот на спортови на Скопје, Кузмановски му додели плакета на министерот Спасовски за организацијата и посветеноста на министерството во безбедноста на учесниците на спортските настани, за што сведочат бројни пофалби посебно од странските учесници . Министерот Спасовски уште еднаш повтори дека министерството и во иднина ќе ги поддржува спортските манифестации.