25/04/2024
Македонија

Средба на министерот Спасовски со раководството на Македонски железници Транспорт АД

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со раководството на Македонски железници Транспорт АД Скопје, на која се разговараше за безбедносните недостатоци со кои се соочуваат железничките станици, односно за обезбедување на патничките и товарните возови кои се мета на кражби.

На средбата се разговараше за повеќе практични аспекти во врска со подигнувањето на нивото на безбедност во железничкиот сообраќај, како патничкиот, така и товарниот, при што министерот Спасовски потенцира дека МВР ќе излезе во пресрет на барањата на Македонски железници. Беше договорено Секторите за внатрешни работи Тетово, Охрид, Куманово и Скопје да изготват соодветни планови за мерки и активности по однос на обезбедувањето на железничките станициина патниците во железничкиот сообраќај.