Средба на пациенти, семејства и експерти за Алпортов синдром

За прв пат на Балканот се организира средба на пациенти, семејства и експерти за Алпортов синдром! Градот Охрид е домаќин!

Да им помогнеме на пациентите и семејставата со Алпорт синдром да ги споделат своите приказни со експертите… да постават прашања.. да ја разберат нивната дијагноза… да го пронајдат најблискиот пат до експериментална студија… бидејки експерименталните студии се патот до долгоочекуваниот лек за Алпортов синдром..

Предавањата ќе се одржуваат во големата сала на Општина Охрид од 31.08 до 02.09.2018 година. Почеток 31.08.2018 во 15 часот.