18/04/2024
Македонија

Средба на премиерот Заев со претседателот на Јадранскиот совет, Новаковиќ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, вечерва се сретна со претставници на Јадранскиот совет, предводени од претседателот на Јадранскиот совет, Дејан Новаковиќ.

На средбата е изразено силно охрабрување до премиерот Заев дека неговите храбри и пред се мудри политики, со коишто е постигнат Договорот од Преспа и се отворени интеграциските процеси, водат кон економско лидерство.

Упатени се честитки за постигнувањата на нашата држава, со констатација дека Република Северна Македонија се наоѓа во одличен историски момент, бидејки е отворен нов циклус за нашата држава. При тоа, потенцирана е важноста на креативните политики и креативната дипломатија, како начин на изнаоѓање решенија за отворените политички прашања меѓу државите, за што како пример е посочен токму Договорот со Грција.

– Почнуваат да се чувствуваат економските бенефити за нашата држава и за граѓаните. Постојат повеќе компании коишто само во последниов период, по отворените НАТО интеграции, одлучија да инвестираат во Република Северна Македонија, а тоа значи нови работни места за граѓаните, повисоки плати и економски напредок на државата. Очекуваме успешно да се заокружи ратификувањето на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО, од страна на сите земји членки, како и датум за почеток на преговорите со ЕУ и овие позитивни тенденции имаат влијание во севкупниот развој на државата, рече премиерот Заев.

На состанокот е разговарано за можни заеднички активности помеѓу Република Северна Македонија и Јадранскиот совет, во којшто членуваат влијателни политички и општетствени личности од целиот свет, како чекор кон унапредување на целиот регион во безбедносна смисла и пошироко во процесот на евро-атлански интерации.