Средба на в.д. градоначалникот Константин Георгиески со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние

Вршителот на должноста градоначалник Коннстантин Георгиески имаше протоколарна средба со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.На средбата се разговараше за одличните меѓусебни односи меѓу Република Северна Македонија и Република Франција и нивното продлабочување. 
Заеднички беше констатирано дека во односите меѓу двете земји важно место има Охрид каде се реализирани бројни заеднички проекти, особено во областа на културата и образованието, но дека има нови иницијативи за проширување на соработката и во други сектори..