28/03/2024
Македонија

Средба на Жерновски со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Соединетите Мексикански Држави со седиште во Белград

Заменик министерот за надворешни работи на Република Северна  Македонија, г-дин Андреј Жерновски денес оствари средба со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Соединетите Мексикански Држави со седиште во Белград, г-дин Марко Антонио Гарсија Бланко (Marco Antonio García Blanco).

050319OA MNRDIR Potpisuvanje na memorandum za sorabodka so Meksiko 2402

На средбата, соговорниците изразија задоволство од успешниот развој на билатералните односи меѓу двете пријателски држави, од динамиката на досегашниот политички дијалог, како и традиционалната меѓусебна поддршка во рамките на меѓународните организации.  

При тоа, посебен акцент беше ставен на заемниот интерес за натамошно унапредување на политичкиот дијалог, преку размена на посети на високо ниво, како и за севкупното интензивирање на билатералната соработка во сите домени од заеднички интерес, а особено во доменот на економијата, културата, науката и образованието.

По одржаната средба во Министерството за надворешни работи, беше потпишан и Меморандумот за разбирање во доменот на дипломатско-академската соработка помеѓу Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија и Министерството за надворешни работи на Соединетите Мексикански Држави.

050319OA MNRDIR Potpisuvanje na memorandum za sorabodka so Meksiko 2318