29/03/2024
Македонија

ССК: Изјавата на министерот Филипче е целосно неточна, нашиот став е дека правото на вакцинација е лично право на избор и не треба да се ограничува

Заштитата на здравјето на граѓаните е највисок приоритет во услови на пандемија и тоа може да се постигне со сеопфатни, интегрирани и добро испланирани мерки како и со континуирано унапредување на квалитетот на здравствената заштита.

Сојузот на стопански комори речиси овие две години од почетокот на пандемијата дава активен продонес преку постојано следење на мерките и доставување на свои конструктивни предлози и мислења во насока на нивно унапредување се со цел заштита на здравјето и намалување на штетните последици во економијата.

„Во таа насока сакаме да истакнеме дека изјавата на министерот за здравство Венко Филипче дека Сојузот барал да се воведе задолжителна вакцинација и за вработените во приватниот сектор е целосно неточна бидејќи нашиот став е дека правото на вакцинација која не е задолжителна е лично право на избор и не треба да се ограничува. Сметаме дека многу подобар ефект наместо со репресивни ќе се постигне со стимулирачки мерки и навремено обезбедување на повеќе видови на вакцини и релевантни информации за нивната безбедност.

Во таа насока Созјуот останува отворен за понатамошна соработка и ќе продолжи да дава поддршка за мерките кои сметаме дека ќе дадат ефект.“ – велат од Сојузот на стопански комори.