26/04/2024
Македонија

Стабилно и студено време со ниски утрински и дневни температури

Од УХМР известуваат дека денес ќе биде постудено со локални врнежи од снег, особено претпладне во западните делови, каде на повеќе места ќе се формира и снежна покривка.

Од вторник до петок над нашето подрачје ќе се задржи студена и сува воздушна маса, така што ќе преовладува стабилно и студено време со ниски утрински и дневни температури.