19/04/2024
ОхридСпорт

Старите победија против младите на традиционалниот фудбалски нaтпревар во Велгошти

По повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, М.К. Велгошти ВМРО-ДПМНЕ и Унијата на млади сили ВМРО-ДПМНЕ Велгошти денес организираа фудбалски натпревар помеѓу Стари и Млади.

Традиционалниот фудбалски натпревар се одржа на фудбалското игралиште во Велгошти, а заврши со победа на старите со резултат 4:2 против младите.