28/03/2024
Македонија

Стигна првата пратка вакцини на „Астра Зенека“ преку Ковакс механизмот

Стигна и првата пратка на вакцини преку Ковакс механизмот и со овие 24.000 дози е предвидено да стартува масовната имунизација кај нас, започнувајќи од среда.

„Благодарност до сите земји во светот кој го поддржаа овој систем, посебно на пријателските земји САД, Германија, Велика Британија, Франција и земјите од ЕУ како и на СЗО, УНИЦЕФ и ОН со чија помош го организиравме транспортот до нашата земја. Системот за имунизација е подготвен и сега нашиот фокус е да имунизацијата се спроведува во континуитет во текот на месеците кои следуваат, започнувајќи со Астра Зенека, а продолжувајќи со најавата за другите вакцини кои сме во очекување да ги добиеме многу скоро“,– вели министерот за здравство д-р Венко Филипче.