Стојан Стојановски со исклучителни резултати на тениски и училишен план
Стојан Стојановски од Охрид кој само што ја заврши својата втора година студии во Америка, постигна исклучителни резултати како на тениски, така и на училишен план.
Имено, Стојан кој имаше одлична прва сезона, и кој отиде во Америка после освојувањето на Државното првенство за мажи во Македонија, продолжи со одличната игра и се натпреваруваше против најдобрите играчи во Американската Универзитетска НЦАА лига. Беше избран во најдобриот тим во Југозападниот дел на Америка и истовремено беше избран за МВП (најдобар играч), односно најдобар студент спортист на Универзитетот Алкорн. На овој универзитет во Мисисипи од минатата година се придружи и Ѓорѓи Поповски, уште еден македонски тенисер, па тие како Македонска двојка имаа исклучителни резултати и беа еден од најдобрите парови во Конференцијата.
Стојан студира компјутерски науки и својата извонредност ја пренесува и на академски план, завршувајќи ја втората година со највисоки оценки, при што добива бројни признанија од деканот на универзитетот за одличните резултати и за својата посветеност кон студиите.