29/03/2024
Дебрца

Стојчески: Да го направиме вистинскиот избор. Да избереме Градоначалник со кој заедно ќе одлучуваме!

ОО СДСМ Дебрца денес одржа прес-конференција на која говореше претседателот Благојче Стојчески.

„Се наоѓаме пред уште еден изборен циклус, овојпат за избор на татко на општината и членови на совет кои ќе бидат негов коректив но и ветар во грб.

Кога велиме дека го нудиме најдоброто, тоа значи дека имаме луѓе кои што знаат, луѓе кои што можат, луѓе препознатливи во својата средина, луѓе кои ветувањата напишани на хартија ќе ги пренесат во реалноста.

СДСМ е партија која постојано се менува, унапредува и модернизира, но едно нешто никогаш не се менува, а тоа е системската грижа за своите граѓани и постојаната обострана комуникација со нив.

Зборувам од името на сите нас кога велам дека кандидатот за Градоначалник за Дебрца од редовите на СДСМ-Игор Крцоски, Манце е симбол на социјалдемократските вредности.

Работлив, праведен, отворен за соработка, другар, домаќин, човек од акција со еднаков пристап кон сите, тоа е нашиот иден Градоначалник.

Како прв човек на општинската организација во Дебрца, долгододишен соработник и партиски другар со кандидатот за Градоначалник, но и сите кандидати за членови на Советот, одговорно тврдам, дека ветувањата кои стојат зад бројот 12 нема да останат само дел од убаво спакувана програма. Тие ќе се реализираат, во соработка со Вас граѓаните.

Соработката ќе биде непосредна, директна без никакви бариери. Ќе се работи на создавање систем кој ќе овозможи дигитална брза комуникација за пријава на Вашите иницијативи и размена на информации.

Со најдобрата кадровска понуда од СДСМ ќе успееме од општина Дебрца да направиме општина со која ќе се гордеат и старите и младите, затоа што сите ние ќе бидеме нераскинлив дел од нејзиниот раст и развој.

Ве повикувам да направите разлика,

Ве повикувам да препознаете,

Направете го вистинскиот избор и заокружете 12,

Изберете го Најдобриот Градоначалник со кој заедно ќе одлучуваме!“ – истакна Стојчески.