25/04/2024
Охрид

Стружанец излетал од патот Охрид-Св Наум

На 17.05.2020 во 14.20 часот на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, во близина на авто кампот „Градиште“, мопед „Хамачи“ со струшки регистарски ознаки, управуван од В.К.(35) од Струга, излетал од коловозот и удрил во заштитниот метален браник.
По незгодата, возачот на мопедот бил пренесен во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид извршила екипа од СВР Охрид.