Стружанец непостапувал според здравствените прописи за време на епидемија

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против В.П.(62) од Струга, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
На 06.12.2020 во 16,55 часот при контрола на лица, на кои им е издадено решение од  Државниот санитарен и здравствен инспекторат за здравствeн надзор и домашна изолација, истиот не е затекнат во неговиот дом, односно не ги почитувал мерките за заштита.