19/04/2024
Струга

Стружанец починал при изведување градежни работи

Денес околу 09:00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека во населба Елен Камен во Струга, при изведување градежни работи, со повреди се здобил Џ.А.(49) од Струга и како последица на тоа починал.

Според пријавеното, додека работел, Џ.А. бил удрен од црево кое се откачило од пумпа за бетонирање.

Се преземаат мерки за рачистување на случајот.