25/04/2024
Струга

Стружанец приведен, бил затекнат при извршување кривично дело кражба во куќа

На 26.09.2020 околу 00:05 часот на ул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода П.Г.(40) од Струга, затоа што бил затекнат при извршување кривично дело кражба во куќа на наведената адреса.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.