Стружанец се повредил додека сечел дрва, починал во болница

На 03.08.2020 околу 19.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека во с.Богојци, струшко, К.А.(49) од с.Богојци, се повредил сечејќи дрва. Тој бил  пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде што им подлегнал на повредите. Увид извршила екипа од Полициска станица Струга. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.