26/04/2024
ОхридСтруга

Стружанец тешко повреден додека сечел дрва

На 25.09.2018 година во 12:00 часот во Полициската станица Охрид, од болницата „Св.Еразмо“ било пријавено дека кај нив бил донесен Т.М.(44) од село Горно Татеши, струшко, со повреди на главата.

Додека сечел дрва со моторна пила на сопственото земјиште на место викано „Бегова земја-Рај“, му паднале гранки врз глава и се здобил со повреди. По укажаната помош тој бил задржан на лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.