Стружанец украл бакарен кабел од зграда која се гради

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против М.Н.(33) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “кражба“.

Во текот на јуни 2018 година во Струга на улицата “Муртеза Татар“ во зграда која била во фаза на изградба, пријавениот одзел 500 метри бакарен кабел во вредност од 400.000 денари.