24/04/2024
Струга

Стружанец физички нападнал сопственик на ноќен клуб во Струга

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Е.П.(47) од Струга за сторено кривично дело „тешка телесна повреда”.

На 09.09.2018 година во Струга во ноќен клуб на улица „Пабло Неруда“, поради претходно упатени вербални навреди кон вработените и меѓусебна вербална расправија со пријавениот, кој е сопственик на наведениот ноќен клуб, истиот физички го нападнал Н.Л.(24) од Струга, при што му нанел тешки телесни повреди.