20/04/2024
Охрид

Стружани извршиле тешки кражби во Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторени четири казнени дела „тешка кражба“, Секторот за внатрешни работи Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против С.О.(27) и П.С.(27), двајцата од Струга.

Пријавените, во текот на минатиот и почетокот на овој месец, со подесен алат и физичка сила провалиле во продавница, бутик и сендвичара на подрачјето на Охрид од каде одзеле каса, пари, лап топ компјутер, мобилен телефон, фотоапарат и други предмети. Со извршувањето на казнените дела, пријавените предизвикале материјална штета и се стекнале со противправна имотна корист од 22.500,оо денари.