19/04/2024
Охрид

Студенти од Архитектонскиот факултет во посета на Охрид

Повеќе од шеесетина студенти од трета година на архитектонскиот факултет, деновиве ќе престојуваат во Охрид, каде ќе имаат практична работа во градот кој претставува предизвик за секој архитект.

Студентите денес беа во посета на Локалната самоуправа каде беа пречекани и поздравени од градоначалникот Јован Стојаноски. Во поздравното обраќање, градоначалникот, им посака пријатен престој во Охрид и успешна работа.

Архитектите во текот на денот ќе ја посетат зградата на историскиот архив, која е дело на професорот Георги Константиновски, кој исто така е дел од професорите кои се присутни во Охрид со студентите, а потоа сите заедно ќе ја посетат локацијата каде што секој од студентите индивидуално ќе треба да ја изработи својата проектна задача.