29/03/2024
Македонија

Сугарески: Ќе го измениме правилникот за знаци за да обезбедиме паркинг места и за бремените жени

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески: Ќе го измениме правилникот за знаци за да обезбедиме паркинг места и за бремените жени

„Особено ми е драго што Ние како институција сме вклучени во овој заеднички проект се со цел да овозможиме, јас не би рекол на ранлива група, туку на сегашни или потенцијални мајки учесници во сообраќајот да имаат поголема сообраќајна безбедност и доволно простор за движење, истакна министерот Сугарески на настанот на кој се презентираше проектот “Безбедни семејни паркин зони”

Проектот се однесува наобезбедување на паркинг места за бремените жени како и возачите со возила во кои се превезуваат деца до тригодишна возраст. Истиот ќе се реализира од страна на АМСМ и Факултетот за безбедност а во соработка со Министерството за транспорт и врски и Министерството за внатрешни работи.

Во продолжение интегралното обраќање на министерот Сугарески:

“Сите добро сме запознати со фактот дека не постојат доволно паркинг места со оглед на зголемениот број на моторни возила учесници во сообраќајот. Но верувам дека секоја општина системски го решава овој проблем, а ние како институции мора да дадеме свој инпут во надминување на таквата сотсојба.

Денешниот настан е доказ за решавање на едно такво прашање. Можеби во јавноста ќе звучи како стереотп со кој решаваме проблем на група жени возачи, но верувајте ова е еден предизвик кој треба посебно да посветниме внимание ако сакаме да ги достигнеме европските вредности.

Затоа како Министерството за транспорт и врски активно ќе се вклучиме во конкретно решение преку промена на легислативата за да се овозможат предуслови за одбележување на паркинг места кои ќе бидат исклучиво наменети за бремените жени како и возачите со возила во кои се превезуваат деца до тригодишна возраст.

Во рамките на нашите надлежности заедно со Министерството за внатрешни работи ќе пристапиме кон менување на Правилникот за сообраќајни знаци, опрема и сигнализација на патот.

Измените ќе се однесуваат на додавање на нов знак во Правлникот со форма и изглед со што сообраќајно ќе се одбележи предвиденото место за паркинг за оваа група возачи.

Веќе од следниот месец ќе започнеме со измената на Правилникот и очекуваме некаде за месец до два истиот да биде завршен.

Верувам дека кооридинирано ќе работиме сите институции со овој предизвик и крајната цел би била зголемена безбедност за сите уечсници во сообрачајот посебно за бремените жени”, истакна министерот Сугарески.