Свеченост по повод 74 години од формирањето на Првата МКНОУПБ

Општинската организација на Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и локалната самоуправа на општина Дебрца, по повод 74 годишнината од формирањето на Првата МКНОУПБ на 11 Ноември 1943 година во с.Сливово и Патронатот на ОУ “Дебрца”, организира свеченост на 10.11.2017- петок со следната

П Р О Г Р А М А

10:15 с.Сливово

– Положување на свежо цвеќе на споменикот во с.Сливово.

– За борбениот пат на бригадата и нејзиното значење за конечното ослободување на земјата ќе зборува Наце Иваноски – Професор по историја.

– Посета на спомен домот.

11:00ч с.Белчишта

– Посета на спомен собата.

– Посета на ликовната галерија.

11:30ч

– Положување на свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ и жртви на фашизмот во с.Белчишта.

12:00ч

– Свечена програма по повод Патрониот празник на ОУ “Дебрца” во с.Белчишта.