Света архиерејска литургија по повод празникот Св. Апостол Тимотеј

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 4. Февруари 2020 година (вторник), во манастирот Св. Климент и ПантелејмонПлаошник Охрид, со почеток во 8.45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „ Св. ап. Тимотеј“ (именден на Митрополит Тимотеј). На литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

 Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.