20/04/2024
Охрид

Света литургија по повод празникот Св.апостол Тимотеј (именден на Митрополит Тимотеј)

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 4 февруари 2019 (понеделник), во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ – Плаошник – Охрид, со почеток во 8:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Св.ап.Тимотеј“ (именден на Митрополит Тимотеј).

На литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.