25/04/2024
Македонија

Свети Давид и Светиот крал Владислав

Свети Давид

Најпрво тој беше кнез, Димитриј. Тој е син на Стефановиот брат Вукан. Изгради на Лима манастир во којшто и самиот се замонаши.

Светиот крал Владислав

Син на кралот Стефан. Го изгради манастирот Милешево, каде што од Трново ги пренесе моштите на Свети Сава. Се одликуваше со необична милосрдност кон бедните. На парите од негово време се потпишуваше: „раб Христов Владислав.“