16/04/2024
Охрид

Свети литургии за празниците Преп.мч-чка Параскева Петка Римјанка и Св.Климент Охридски

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 08. август 2019 година (четврток), во 08:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија во параклисот „св. Петка“, во манастирот „св. Наум Охридски“ – Охрид, по повод празникот „Преп.мч-чка Параскева (Петка)“.

На литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

Истиот ден вечерта во 19:00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник – Охрид, по повод празникот „св. Климент Охридски и св.вмч. Пантелејмон“ на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.

09 август 2019 година (петок), со почеток во 08.45 часот ќе се служи света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.

Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои вернци на заедничко прославување на овие празници.