29/03/2024
Охрид

Свети литургии за претстојните празници

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре, 17. декември (вторник) 2019 година во манастирот Св. Наум Охридски – Охрид, со почеток во 17:00 часот ќе се служи вечерна богослужба по повод празникот „Преп. Нектариј Битолски“. На вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

18. Декември (среда) 2019 година со почеток во 8:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.

На 19. Декември (четврток) во црквата Св. Никола Геракомија – Варош – Охрид, со почеток во 8:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Св. Николај Мирликиски Чудотворец“ на која ќе чиноначалстува Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овие празници.