25/04/2024
Охрид

Свети литургии за Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан – Трет ден Божиќ

Утре на празникот Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан – Трет ден Божиќ ќе се служи света архиерејска златоустова литургија во црквата „Св.Георги“ – Струга. Света литургија ќе се служи во сите парохиски цркви во Охрид со почеток во 08:30 часот. Света литургија ќе се служи и во манастирот „Свети Стефан“ – Охрид со почеток во 08:30 часот, како и за Варош во црквата „Св.врачи Козма и Дамјан“ со почеток во 08:30 часот.

Во Плаошкиот манастир „Св.Климент и Св.Пантелејмон“ нема да има богослужба тој ден.