28/03/2024
Македонија

Светите маченици Петар, Дионисиј, Андреј, Павле и Христина

Светите маченици Петар, Дионисиј, Андреј, Павле и Христина

Петар – прекрасно момче, Дионисиј – маж угледен, Андреј и Павле – војници и Христина – шеснаесетгодишна девица, сите Го исповедаа храбро Господ Христос и за Неговото име претрпеа маки и смрт. Некој Никомах, којшто беше мачен заедно со нив, се одрече од Христа насред маките и одеднаш слезе од умот, па како бесен го гризеше своето тело и исфрлаше пена на усните додека не издивна. Ова се случи во 250 година.