28/03/2024
Охрид

Светска премиера на краткиот филм И(с)згубени на Фастнет Филм Фестивал во Ирска

Краткиот игран филм И(с)згубени – Mi(s)sing Dog во режија на Антонио Вељаноски, ќе биде прикажан на овогодинешното издание на Фестивалот за кратки филмови Фастнет Филм Фестивал, што се одржува од 22ри до 26ти Мај во Скул, Ирска. Филмот ќе има три проекции во официјалната програма. Фестивалот важи за еден од најдобрите филмски фестивали за краток филм според платформата за кратки филмови filmfreeway.

И(с)згубени е филм за осаменоста, надежта и љубовта. Кога осамениот пензиониран лингвист Рудолф (77), оди во пошта, по пат е следен од едно куче од кое не може да се ослободи. Ова ќе доведе до целосна и неочекувана промена во неговиот живот.

Главната улога ја толкува чешкиот актер Јан Качер, заедно со кучето кое се вика Ируна и актерката Марие Дурнова, директор на фотографија е Владимир Димоски, музиката е на Игор Василев Новоградска, продуценти на филмот се Елена Станишева и Зоран Вељаноски Летра.